Верските лидери повикаа на соживот и почитување на државните симболи

Date:

Share post:

Поглаварите на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Исламската верска заедница, Католичката црква, Евангелистичко-методистичката црква и Еврејската зедница ги повикаа сите македонски граѓани да не потклекнуваат пред обидите за нарушување на соживотот во државата.

Во соопштението упатено по денешната средба во Скопската епархија се наведува дека треба да се продолжи со продлабочување на меѓусебната солидарност и да се запази почитта едни кон други, кон државните симобили на државата и кон симболите на сите етнички заедници во неа.

„Средбата на разнообразни култури, носи можност за благородување на духот на човекот и за зголемување на креативноста на целото општество. Бог ни дал да живееме во една заедничка држава. Затоа ние, поглаварите на МПЦ Охридска Архиепископја, Исламската верска заедница, Католичката црква, Евангелистичко методистичката црква и Еврејската зедница ги повкуваме сите македонски граѓани да не потклекнуваат пред некои обиди за нарушување на соживотот, туку сите заедно да продолжиме да ја продлабочуваме меѓусебната солидарност и да ја запазуваме почитта едни кон други, кон државнните симобили на нашта татковина, и кон симболите на сите етнички заедници во неа“, се наведува во соопштението.

Соопштението е потпишано од поглаварите на Македонската Православна Црква- Охридска Архиепископија, г.г. Стефан, на Исламската верска заедница, Реис ул Улема Шаќир ефенди Фетаи, на Католичката црква, г. Кирил Стојановски, на Евангелистичко-методистичката црква, супер итенден Марјан Димов и на Еврејската зедница, Пепо Леви.

Средбата и апелот на верските лидери следи откако кулминираше прославата на Денот на албанското знаме кога во центарот на Скопје беше сквернавено и запалено македонското знаме. Како што соопшти полицијата, за сквернавење на националните симболи, уапсила 17 лица меѓу кои имало и малолетници.

Уапсени се и три лица во Прилеп, кои како одговор на инцидентите во Скопје, го сквернавеа албанското национално знаме. Уапсено е и лице во Куманово што корнело национален симбол на Република Србија од почесниот конзулат.

/РСЕ.

1 COMMENT

  1. Нема тука ерес: г. Кирил Московски зборува отворено како Патријарх (Праотец), не како либерален борец за човекови права. Ако некој не ја сфатил разликата меѓу Патријарх и друг пастирски чин во Црквата, тоа е веќе личен недостаток и секако е незнаење, а кога се живее во незнаење не може да се учителствува, со оглед дека степенот на распознавање на постапките на останатите е мошне низок и плодовите се неупотребливи. Инаку, и Св. Апостол Павле во своето Послание до Римјаните вели дека властите не залудно носат оружје Божјо и ги нарекува слуги Божји. Рускиот Патријарх знае дека колективната матрица на духовното оружје на еден народ го генерира арсеналот на сите други негови оружја и војни и како вистински Праотец и архипастир се радува на многукратните плодови и победи на своите вистински војници на светлината. Што е тоа Праотец може да се најде во Стариот Завет, а ако некој мисли дека таа благодат е мала, или надмината со Христовото Воплотување итн., слободно нека си остане во својата конфор зона и нека повикува на лажен (т. е невозможен) мир, како стапица подготвена од непријателот на човековото спасение. Мирот колку и да е посакуван не може да биде компромис со злото.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...