ВЕЧЕР: Пред моштите на Свети Јоаникиј Ракотински се случуваат чуда – Излекувана жена и дете

Date:

Share post:

Пред моштите на ново пројавениот светител свети Јоаникиј Ракотински што од септември минатата година се наоѓаат во скопската соборна црква „Свети Климент Охридски“, се поклониле илјадници верници, пишува дневниот весник „Вечер“.

Презвитер Бобан Митевски раскажува дека во изминатиот период имале и групи од Србија, Бугарија и од Грција кои организирано дошле дури и со свештеници. Сето тоа е резултат на култот на свети Јоаникиј во соседните земји уште пред да биде канонизиран.

– Свети Јоаникиј имаше развиен култ заради знаењето на светоста на неговиот живот во Србија, а исто така и во Бугарија. Во Грција, пак, имаше честица од неговите мошти, во манастирот во Верија, кај архимандритот Профириј и дури од таму книгата што ја објавивме со неговото житие имавме сведоштво за извршени чуда токму на тие мошти уште пред да биде канонизиран светителот. Со ова ќе заклучам дека народот, особено после канонизацијата, многу масовно почна да доаѓа, вели отец Бобан.

Тој ни раскажа дека исцелителската моќ на светителот за време на неговиот долговечен живот, продолжува и по неговата смрт, а самиот посведочил за две чуда кои се пројавиле во изминативе неколку месеци.

-За слава на бога и многу сме радосни заради тоа и по канонизацијата веќе имаме потврда за чуда кои се извршени. Имено, по самиот ден на канонизацијата беше излекувано едно мало дете кое боледувало, како што ни раскажа мајката, од тежок облик на бронхитис, бактерија на белите дробови. Пред канонизацијата многу кашлало и го донеле да присуствува на самата канонизација бидејќи семејството е побожно. Веднаш по чинот на канонизација детето престанало да кашла, а потоа кога отишле на лекар било констатирано дека се повлекла состојбата која претстоела претходно. Исто така јас бев сведок, при читањето на акатистот на една жена која пристапи и ми кажа дека до претходниот акатист веќе неколку дена по ред имала страшни главоболки и откако и била прочитана молитвата врз моштите на светиот Јоаникиј главоболката веднаш исчезнала. И таа ми го посведочи чудото кое и се случило по посредништвото пред бога и на самиот светител. Верувам дека со ова се исполнуваат зборовите на еден наш современ отец, кој кажа дека отец свети Јоаникиј ќе биде голем чудотворец и ќе продолжи да чудотвори. Буквално тоа го прорече и еве тоа навистина се потврдува за утеха на народот, затоа што свети Јоаникиј се покажува како голем молитвеник и голем застапник за нас, вели отец Бобан.

Тој појаснува дека, всушност, Свети Јоаникиј не ги прави чудата, туку тоа го прави бог, поради неговата молитва врз верниот народ.

– Има разни категории на посетители, но, главно, се сведуваат на тие што доаѓаат од вера и тие што доаѓаат од потреба, молитвено да се обратат кон светителот. Има и такви што доаѓаат од љубопитство затоа што ваков чин, канонизација не се случува многу често, се случува еднаш на 100 години, па сакаат да видат за што станува збор. Ние и во тоа ја согледуваме длабоката промисла божја, бидејќи и тие, доаѓајќи, ќе можат да се сретнат со бога преку светоста на светителот, вели отец Бобан.

Целиот текст прочитајте го ОВДЕ

1 COMMENT

  1. Не Ви беше ли малку мачно, македонскиот град Бер, да го напишете на грчки (Вериа). Исто како „Тесалоники“ да му пишевте на Солун. Неуко! – од Вас.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Романскиот Патријарх: Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I претставува силно сведоштво за единството на Православието

Во говор по повод осветувањето на надворешната фасада и мозаиците на Катедралата Народно Спасение во Букурешт, Даниел, Патријархот...

Орбан на средба со Папата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на денешта приватна аудиенција во Ватикан побара од папата Лав Четиринаесетти да ги поддржи...

Скандинавските цркви во поддршка на Украина и правата на децата

Северноевропските црковни водачи упатија силен апел за враќање на украинските деца насилно однесени во Русија и одобрија финансиска...

Д-р Трајановски со план за Аеродром: чиста, безбедна и достоинствена општина

Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ, ја претстави својата програма како план за „современа...