Ватикан покрена истрага поради наводен антисемитски инцидент со припадник на Швајцарската гарда

Date:

Share post:

Ватикан соопшти дека започнал официјална истрага за наводен антисемитски инцидент во кој, според сведоштва, припадник на гардата упатил навредливи коментари и гест на плукање кон две Еврејки. Настанот се случил на 29 октомври, за време на папската аудиенција на плоштадот „Свети Петар“.

Аудиенцијата тој ден била посветена на годишнината од декларацијата Nostra aetate од 1965 година – документ кој ги постави темелите на современите односи меѓу Католичката црква, Евреите и другите не-христијански заедници. На настанот присуствувала меѓународна еврејска делегација, за која се верува дека била и цел на инцидентот.

Израелската писателка и театарска режисерка Михал Говрин, која била дел од делегацијата, изјави за Associated Press дека додека заедно со колешка поминувале низ страничниот влез, еден од гардистите прошепнал на француски: „Les Juifs“ („Евреите“).

„Бевме целосно шокирани. Да доживееме таков израз на омраза во самото срце на Ватикан?! Особено во ден кога папата силно го осуди антисемитизмот и повика на соработка и мир“, изјавила таа.

Говрин тврди дека кога нејзината колешка го соочила гардистот со изјавата, тој одговорил дека „не рекол ништо“ и ја обвинил за лажење. Потоа, според нејзиното сведоштво, тој испуштил „презрителен звук сличен на плукање“.

Портпаролот на Ватикан, Матео Бруни, потврдил дека Папската швајцарска гарда добила пријава за инцидент „во кој се идентификувани елементи што може да се интерпретираат како антисемитски“. Бруни додал дека првичните информации укажуваат на „недоразбирање поврзано со барање за фотографирање на чуварскиот пункт“. Во своето соопштение, гардата истакнува: „Верни на нашата повеќевековна традиција на служба, ја потврдуваме нашата посветеност да ја извршуваме мисијата со целосна почит кон достоинството на секој човек и принципите на еднаквост и недискриминација.“

Истиот ден, папата Лав XIV се обратил до присутните и јасно порачал дека „Црквата не толерира антисемитизам и се бори против него“, по што следеле долги аплаузи од толпата.

Основана во 1506 година, Папската швајцарска гарда е најстарата постојана воена единица во светот и е задолжена за безбедноста на папата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Папата Лав XIV: Мигрантите мора да се третираат со достоинство – неопходно е примирје во Украина и почит кон верската слобода во Нигерија

За време на разговор со новинари во Кастел Гандолфо, Папата Лав XIV испратил низа силни пораки поврзани со...

Бугарски манастир во Германија повикува на итни донации за довршување на кровната конструкција

Манастирот „Св. Троица“, под jуриздикција на Бугарската православна црква и во Бухахен, Германија, уште еднаш упати јавен апел...

БНТ за првпат ќе го емитува серијалот за свети Паисиј Светогорец

Со благослов на Бугарскиот патријарх Даниел и Светиот Синод на Бугарската православна црква, а во соработка со Бугарската...

Игуменот на Великата Лавра од Света Гора во посета на Грузиската патријаршија

Грузиската патријаршија ја примила делегацијата предводена од архимандрит Продромос, игумен на Светата Велика Лавра на Света Гора, која...