Архиепископот Макариј на Австралија ги повика православните заедници да застанат против насилството врз деца

Date:

Share post:

Архиепископ Макариј, поглавар на архиепископијата за Австралија на Вселенската Патријаршија, објавил своја порака во пресрет 19 ноември — меѓународниот ден за превенција на насилство и злоупотреба врз деца.

Во својата порака, архиепископот истакнал: „Феноменот на насилството врз деца нè засега сите нас, како и одговорноста да им понудиме на нежните никулци на нашето општество средина на згриженост, безбедност и надеж.“

Тој посебно нагласува дека децата се најранливите и дека злоупотребата и насилството претставуваат нарушување на христијански вредности и напад врз иднината на човештвото. „Да ги држиме очите и ушите отворени. Да бидеме на вистинското место  кога е потребно, подготвени да интервенираме и да ги информираме надлежните органи. Да не дозволиме рамнодушноста и тишината дополнително да го разгорат чудовиштето на насилство врз децата“, истакнал архиепископот.

19 ноември е востановен како Светски ден за превенција на насилството врз деца, со цел да се подигне јавната свест и да се промовира култура на превенција и заштита на најмладите.   Податоците на UNICEF покажуваат дека насилството врз децата е глобален проблем – влијае на физичкото и психичкото здравје и на развојот на милиони млади луѓе.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here