Вселенскиот Патријарх Вартоломеј пристигна во Букурешт за осветување на најголемиот православен храм во светот, Националната катедрала на Букурешт.
Тој и Романскиот патријарх ќе испишат нова историја на односите во Парвославниот свет, а присуството на Вселенскиот патријарх на овој настан е значајна порака кон црковна Москва и нејзините неколку сателт цркви, дека историски воспоставените правила не можат да се менуваат поради одредени црковно-политички интереси.
Вселенскиот Патријарх Вартоломеј во Букурешт пристигна денеска во петокот, околу 12:00 часот, на аеродромот „Хенри Конда“, каде што беше свечено пречекан од Патријархот Данаил
Ова е 11-та посета на Вселенскиот Патријарх во Романија. Првата се случила во 1993 година. Настанот е дел од одбележувањето на 100 години од воспоставувањето на Романската Патријаршија (1925–2025).

