Вселенскиот Патријарх Вартоломеј за време на посетата на САД имал средба со Ненси Пелоси, претседателка на Претставничкиот дом. Меѓу темите за разговор биле Ковид кризата, како и верските слободи.
-Благодарни сме за утринската гостопримлива средба помеѓу Вселенскиот патријарх и Ненси Пелоси. Двајцата се согласија за важноста на верската слобода и потребата да се поддржат нациите во развој за обезбедување вакцини против COVID, напиша на Фејсбук, Архиепископот на САД Елподофорос од Вселенската Патријаршија.
