В недела големо осветување во Охрид

Date:

Share post:

crkva presveta bogoridica zaumВеликодостојници на Македонската православна црква и на Дебарско-кичевската епархија во недела ќе служат Света архиерејска литургија во манастирот „Пресвета Богородица“ во Заум, на која ќе бидат осветени новоизградените конаци. Со литургијата ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со надлежниот Митрополит г. Тимотеј и Повардарскиот Митрополит г. Агатангел.

Црквата „Света Богородица“ се наоѓа на самиот источен брег на Охридското Езеро на потегот помеѓу селата Трпејца и Љубаништа. Сместена е на мошне  тешко пристапно место под карпестиот гребен на Галичица наречен Голем Осој Веднаш над самата црква од исток се издигнуваат стрмни карпи, додека западно од црквата во непосредна близина се наоѓа и местото со најдлабоката точка на езерото. До неодамна до Заум можеше да се стигне единствено по воден пат.

Од Дебарско-кичевската епархија ги извесуваат православните верници дека во петок во катедралниот храм „Света Софија“ во Охрид со почеток во 17 часот ќе се служи празнична вечерна богослужба по повод јубилејот – Илјада години од упокојувањето на Свети Јован Владимир. Со вечерната богослужба ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

На 4 јуни со почеток од девет часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на останатите членови на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА. По завршувањето на литургијата ќе се одржи промоција на зборникот „Св. Јован Владимир“. На овој ден богослужба ќе има само во црквата „Св. Софија“ во Охрид.

/МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

Балканот повторно се наоѓа на крстосница меѓу вистината и манипулацијата, демократијата и авторитаризмот. Како што се приближуват изборите...

Најдолгото гласачко ливче половина метар

Најдолгото гласачко ливче на овие избори е половина метар, откри директорот на печатницата „Киро Дандаро“, каде се печатеше...

ДИК: Одобрени уште осум барања за акредитации за набљудување на изборите, прифатени три приговори од гласачи

Државната изборна комисија денеска прифати уште три од вкупно четири пристигнати приговори од гласачи. Прифатени се два приговори...

Народниот правобранител отвора бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниoт правобранител во недела (19 октомври) на денот на одржувањето на првиот круг од Локалните...