Почетна Вести Екс скопскиот Муфтија бара промени во ИВЗ
Екс скопскиот Муфтија бара промени во ИВЗ

Екс скопскиот Муфтија бара промени во ИВЗ

102
0

ivz zgrada 1Платформа за реформи во Исламската верска заедница подготвил екс Скопскиот муфтија, Ибраим Шабани, заедно со своите поддржувачи. Шабани, како дел од крилото за реформи на ИВЗ, на прес-конференција ја образложи потребата од реформи на оваа верска институција, со цел таа да биде вистинска верска институција во служба на верниците.

Шабани смета дека се потребни промени во уставот на Исламската верска заедница за таа да се ослободи, како што вели, од сегашната узурпација направена од актуелниот реис-ул-улема.

Во име на Движењето на реформи во ИВЗ тој вели дека предлагаат промени во насока на професионално функционирање на оваа институција.

– Не треба да има доживотна функција на чело на ИВЗ, а функцијата на реисот треба да биде симбол на единство, да биде духовна, а не административна. Треба да се воведе можност за изгласување недоверба во органите и институциите, а неа да ја покренат раководните органи. Искажување недоверба преку референдум треба да можат да покренат и 51 процент од муфтиите. Отпуштање од ИВЗ треба да следува за носење одлуки на неколегијален начин, за манипулации со записници и друго. Раководните органи треба да се избираат преку тајно гласање, предлага предложи Шабани.

Тој додава дека треба да се свика состанок на Ријасетот на ИВЗ за да се соочат различните мислења и да се дојде до нова етапа во развојот на исламскиот верски живот во земјата.

– Состанокот треба да биде транспарентен и отворен за јавноста и за сите медиуми во земјата а не само за медиумите корумпирани од буџетот на ИВЗ. На состанокот треба да се анализираат одговорностите на дискутабилните лица, треба да се анализираат доказите и аргументите, но и реализираните активности што произлегуваат од платформите на раководните органи. Верниците од земјата, но и тие од нашата дијаспора, имаат право да се запознаат не само со проектите и платформите на раководните органи, туку и со наградните или казнените мерки за нивно реализирање или нереализирање. Тоа е функционалната ИВЗ – потенцира Шабани.

/РЕЛИГИЈА.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *