Утре почнува Рамазанскиот пост – апели за молитви дома, а не во џамија

Date:

Share post:

Со молитва од дома, а не во џамија, верниците од исламска вероисповед утре ќе го започнат Рамазанскиот пост рано наутро во 3:50 часот. Заради мерките за заштита од коронавирусот, џамиите и во Битола ќе бидат празни за време на месецот Рамазан. Битолското муфтиство упати порака до верниците дека годинава Рамазан ќе го дочекаат во малку поинаква атмосфера и дека со постот и верските обреди во домашна атмосфера полесно ќе се излезе од оваа ситуација.

-Од причина што речиси целиот свет, па и припадниците на исламскиот свет се погодени од едно искушение, пандемија која се нарекува Ковид 19. По одлуките на Ријасетот на ИВЗ, верниците нема да можат како секоја година да ги извршуваат верските обреди во џамиите. Сите верски обреди ќе се извршуваат во домашна атмосфера со најблиските, истакна Амит Расими, битолски муфтија.

Постот е еден од петте исламски столбови и е обврска за секој муслиман. Наредните 30 дена од изгрејсонце до зајдисонце ќе се воздржуваат од јадење и пиење.

Инаку во Битола и околината има околу 8000 припадници од исламската вероисповед кои потпаѓаат под битолското муфтиство.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...