Почетна Вера ИВЗ Поглаварот Реџепи ги повика верниците за Рамазан да се молат дома
0

Поглаварот Реџепи ги повика верниците за Рамазан да се молат дома

96
0

Џамиите ќе работат, но поглаварот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи во своето обраќање по повод месецот Рамазан, им порача на верниците да ги почитуваат препораките на Владата донесени за епидемијата од коронавирусот.

Реисот Реџепи, во своето обраќање порача дека празникот доаѓа во чувствително и тешко време за целото човештво кое се бори со пандемијата предивикана од вирусот ковид-19.

„Апелирам и ве замолувам да се придржувате кон исламските принципи за вашето и за здравјето на другите луѓе околу вас, истовремено почитувајќи го тоа што го велат лекарите и експертите во врска со пандемијата ковид-19. Само така ќе победиме и ќе се вратиме на нашите животи, само така ќе бидат оправдани нашите молитви за спас што ги упатуваме на семоќниот Алах“, истакна Реџепи.

Пред околу две недели, Реџепи се закани дека ако Владата не и помогне на ИВЗ во време на пандемијата, тие ќе ја повлечат забраната за собири. Сепак денеска рече дека Исламот не ги негира научните принципи.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *