Грчкиот свештеник и поранешен професор на Солунскиот богословски факултет Теодор Зисис официјално помина во раскол. Тоа го стори тоа со проповед од храмот каде што служи и прекина да го споменува својот митрополит – Солунскиот митрополит Антим. Пред него истото го направи друг свештеник во истиот град, Николај Манолис, следбеник на Зисис.
Минатата година и до двајцата беше испратено последно предупредување од страна на Митрополит на Солун да престанат да ги повикуваат верниците на непослушност кон Црквата, а добија и времена забрана за служење. Со одлука отец Зисис да го прекине општењето со грчката црква, заедно со другиот свештеник сега се повикани пред црковен суд..
Повлекувањето на овој потег на Зисис беше логично и очекувано. Причината е тој и Манолис беа жестоки критичари на Соборот на Православната Црква одржан лани на Крит.


Браво за отците! Во раскол се екуменистите! На многаја лета! Така се брани светата православна вера!