Почетна На иста страна Не секогаш и не секаде верските објекти се причини за поделби – На Иста Страна (ВИДЕО)

Не секогаш и не секаде верските објекти се причини за поделби – На Иста Страна (ВИДЕО)

282
0

Брајчино, Наколец, Ѕвегор, се само дел од примерите каде изградба на верските објекти не преставува никаков проблем и каде несебична помош даваат и христијаните и муслиманите.

nakolecМалкумина знаат дека на табла во манастирот Света Петка над Брајчино се испишани имиња на муслимани од ресенско, кои на еден или на друг начин помогнале, за уредување на просторот во и околу манастирот.

Во Наколец, пак каде живеат доминантно муслиманско население, заеднички е изградена црквата Свети Никола која до 70-тите години на минатиот век била потопена во Преспанското Езеро.

Ѕвегорци во делчевско, бараат начин како да го зачуваат минарето од некогашната џамија на Турците, кои по 1956 масовно се отселиле во Турција, истовремено и да го уредат просторот кој речиси и да го делат новата Црква и остатоците од старата џамија.

звегор 3Темата за изградба на верските објекти, за нивната улога, за тоа дали се маркери на нечија територија ја обработува осмата епизода од серијалот „На Иста Страна“. Заеднички без проблеми за тоа зборуваат, Отец Ивица Тодоров од МПЦ-ОА и Ефенди Фатмир Заими од ИВЗ.

Откријте каде се корените за верската коегзистенција во Македонија?

Погледнете ја осмата епизода од серијалот На Иста Страна!

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *