Убиството на британскиот пратеник прогласено за терористички инцидент

Date:

Share post:

Убиството со нож на конзервативниот пратеник, сер Дејвид Ејмс во Леј-он-Си, Есекс е прогласено за терористички инцидент, потврди Метрополитен полицијата.

Како што пренесе ДПА, истрагата ја предводи антитерористичка полиција.

Ејмс (69), кој го претставуваше западен Саутенд во Есекс беше нападнат во Методистичка црква. Тој беше хоспитализиран и опериран, но им подлегна на повредите.

По нападот полицијата уапси еден маж и соопшти дека нема да трага по други лица.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here