Црквата во центарот на Скопје е готова, ќе биде осветена на 28 септември

Date:

Share post:

Црквата „Свети Константин и Елена“ на улицата „Македонија“ во центарот на Скопје ќе биде осветена на 28 септември, информираше Скопската епархија на Македонската православна црква. Осветувањето ќе го изврши Поглаварот на МПЦ, г. г. Стефан, во сослужение на архиереи, а меѓу поканетите се државниот врв, дипломатскиот кор, стопанственици, претставници на локалната самоуправа, медиуми и верници.

Изградбата на храмот започна во 2012 година и траеше 13 години поради финансиски предизвици. Средства се собираа преку донаторски конференции, а помош даваа политичари, бизнисмени и владици. Особена поддршка за изработката на фрескоживописот обезбеди Кочо Анѓушев, со лична донација и преку компаниите во негова сопственост, по јавниот повик на МПЦ за општествено одговорни личности.

Црквата ја градеше компанијата „Бетон“, а приватната болница „Ремедика“ го презеде преостанатиот долг од околу 3,5 милиони евра за да се заврши изградбата без финансиски тешкотии.

Храмот во текот на годините беше и предмет на контроверзии: во 2013 година имаше протести пред Општина Центар, а судската постапка заврши во септември 2020 година.

Со завршувањето на изградбата и осветувањето, црквата „Свети Константин и Елена“ се очекува да стане значаен духовен и културен објект во центарот на Скопје.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Џеј Ди Ванс предизвика дебата со изјава за конверзија на сопругата во христијанство

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс неодамна изјави дека се надева дека неговата Хинду сопруга некогаш ќе ја...

Ватиканот врати 62 артефакти на автохтоните народи од Канада

Ватиканот во саботата им ги врати на автохтоните народи од Канада 62 артефакти од својата етнографска колекција, меѓу...

Вартоломеј: Заедничкото чествување со папата Лав на Никеја е плод на екуменското отворање

Вселенскиот патријарх Вартоломеј ја истакна важноста на заедничкото празнување на Првиот вселенски собор во Никеја со папата Лав...

Првиот повик на амбасадорката на САД во Грција бил до Архиепископот Јероним

Новата амбасадорка на САД во Грција ја продолжува американската политика на блиски односи со Грчката црква. Кимберли Гилфојл...