Црквата во центарот на Скопје е готова, ќе биде осветена на 28 септември

Date:

Share post:

Црквата „Свети Константин и Елена“ на улицата „Македонија“ во центарот на Скопје ќе биде осветена на 28 септември, информираше Скопската епархија на Македонската православна црква. Осветувањето ќе го изврши Поглаварот на МПЦ, г. г. Стефан, во сослужение на архиереи, а меѓу поканетите се државниот врв, дипломатскиот кор, стопанственици, претставници на локалната самоуправа, медиуми и верници.

Изградбата на храмот започна во 2012 година и траеше 13 години поради финансиски предизвици. Средства се собираа преку донаторски конференции, а помош даваа политичари, бизнисмени и владици. Особена поддршка за изработката на фрескоживописот обезбеди Кочо Анѓушев, со лична донација и преку компаниите во негова сопственост, по јавниот повик на МПЦ за општествено одговорни личности.

Црквата ја градеше компанијата „Бетон“, а приватната болница „Ремедика“ го презеде преостанатиот долг од околу 3,5 милиони евра за да се заврши изградбата без финансиски тешкотии.

Храмот во текот на годините беше и предмет на контроверзии: во 2013 година имаше протести пред Општина Центар, а судската постапка заврши во септември 2020 година.

Со завршувањето на изградбата и осветувањето, црквата „Свети Константин и Елена“ се очекува да стане значаен духовен и културен објект во центарот на Скопје.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Вселенскиот Патријарх: Незамисливо е православни епископи да се делат по нации

Обраќањето на Вселенскиот патријарх Вартоломеј за време на свечената седница на Светиот Синод на Православната Црква на Романија...

Благословени избори – клеропартизам

Од бакнување рака, преку барање благослови за успешен почеток, до палење свеќи за добро завршен крај. Средби, подароци,...

Првиот муслиман и најмлад градоначалник во историјата на Њујорк – Зохран Мамдани

Зохран Мамдани, кандидат на Демократската партија и член на движењето Демократски социјалисти на Америка, е избран за нов...

САД покажуваат интерес за Света Гора: Ригас во официјална посета на Атон

Американскиот заменик-државен секретар Мајкл Ригас ја оствари својата прва официјална посета на Света Гора – Атон, каде што...