Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи Оливера Трајковска ја поздравува денешната средба на верските лидери и целосно ја поддржува оваа иницијатива, како и потпишувањето на актот за соживот.
-Верските лидери биле и ќе бидат клуч на верски соживот и толеранција во Македонија. Аналогно на тоа, секој еден верник кој ја практицира својата вера ќе ги следи патеките на своите водачи. Верата е основниот темел во обликувањето на нашите идентитети, нашите вредности и нашите заедници. Во време кога светот се соочува со глобални предизвици, кога се обидуваат да создадат поделби и бариери, потребно е да се најде заедничка нишка на разбирање и единство, заеднички јазик кој ќе употреби зборови на почит и ќе го спознае различниот од себе. Секој убав збор лекува, а секој убав дијалог води кон мир. Да негуваме дијалог кој води кон личен и глобален мир!, сти во соопштението на Комисијата.