Албанскиот архиепископ со сочувство за митрополитот Тимотеј

Date:

Share post:

Архиепископот Тирански и на цела Албанија Анастасиј испратил писмо со сочувство за упокојувањето на Митрополитот Тимотеј до Архиепископот Стефан. Во писмото Анастасиј го ословува поглаварот на МПЦ-ОА, како Архиепископ Охридски.

До
Блаженејшиот Архиепископ Охридски
Господин Стефан
Скопје

Блаженејши брате,

Со длабока тага ја примивме веста за преминувањето кон Господа на нашиот сакан брат, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски, господин Тимотеј, кој со љубов, мудрост и смирение му служеше на народот што му беше доверен од Господа.

Изразувајќи го нашето топло сочувство, молиме Господ Исус Христос, Воскреснатиот од мртвите, да ја успокои неговата душа „на место светло, на место блажено, на место мирно.“

Секогаш со братска љубов во Него,

† Анастасиј
Архиепископ Тирански, Драчки и на цела Албанија

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Вселенскиот Патријарх: Незамисливо е православни епископи да се делат по нации

Обраќањето на Вселенскиот патријарх Вартоломеј за време на свечената седница на Светиот Синод на Православната Црква на Романија...

Благословени избори – клеропартизам

Од бакнување рака, преку барање благослови за успешен почеток, до палење свеќи за добро завршен крај. Средби, подароци,...

Првиот муслиман и најмлад градоначалник во историјата на Њујорк – Зохран Мамдани

Зохран Мамдани, кандидат на Демократската партија и член на движењето Демократски социјалисти на Америка, е избран за нов...

САД покажуваат интерес за Света Гора: Ригас во официјална посета на Атон

Американскиот заменик-државен секретар Мајкл Ригас ја оствари својата прва официјална посета на Света Гора – Атон, каде што...