Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, Оливера Трајковска го честиташе Рамазан Бајрам. Во честитката до поглаварот на ИВЗ, Шакир Фетаи нашиша дека Рамазан Бајрам е време кога тишината на душата зборува најгласно – за смиреноста, за силата на верата, за потребата да бидеме подобри луѓе.
-Нашата заедничка иднина се темели токму на тие вредности – да живееме едни со други, со отворено срце, со рака подадена во добро, со солидарност и разбирање, особено во тешките моменти. Да го негуваме соживотот кој генерации го негувале пред нас, во кој различностите нè збогатуваат, нè учат на трпение, на грижа и на искрено пријателство. Нека радоста на овој празник допре до секое семејство, до секое дете, до секое срце кое постело, се молело и се надевало. И нека нè потсети дека најголемата добрина е онаа што се прави во тишина, со чисто срце, токму како што вели Светиот Куран: „Пред сè, натпреварувајте се во добри дела.“ (Сура Ел-Бекара, 148). Честит Бајрам! Бајрам шериф мубарек олсун!, стои во честитката.