Терави намаз низ градовите во регионот

Date:

Share post:

Муслиманите вечерва ги преполнија џамиите низ градовите во регионот, каде го ивршија првиот верски обред со кој се означува месецот на постот Рамазан, клањањето терави намаз, јавува Anadolu Agency (AA)

Верниците од исламска вероисповед оваа молитва ја извршија во повеќе градови низ Македонија, Албанија и Косово, меѓу кои и во Скопје, Тирана и Приштина.

Верниците во Скопје за клањање на терави намаз ја исполнија и Мустафа пашината џамија.

Оние кои не можеа да најдат место внатре во џамијата, молитвата ја извршија надвор, во дворот на џамијата.

Исто така и муслиманските верници во Тирана ја извршија првата молитва, терави намаз, во џамијата Нови Пазар во Тирана, како и во другите џамии во овој град.

Во Приштина светиот месец за верниците муслимани, Рамазан, беше пречекан со голема радост и со извршување на верскиот обред терави намаз.

Џамијата Фатих Султан Мехмет во главниот град на Косово беше преполна со Муслимани поради првата рамазанска молитва.

Исто така, и во другите градови од земјите од регионот, меѓу кои во Сараево, Подгорица, Нови Пазар, вечерва се клањаше терави намаз.

Инаку, зборот „теравија” значи одмор или пауза, а овој верски обред се извршува секоја вечер за време на месецот на постот.

Муслиманите во земјите на Балканот за време на Рамазан ќе постат меѓу 17 и 18 часа дневно.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...