Верски календар: 20 февруари
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Св. Елеутериј.
Во прекрасната катедрала во Турнао во Белгија, се наоѓа ковчегот во кој се чуваат посмртните останки на свети Елеутериј, прв бискуп на Турнао. Бискупот Елеутериј живеел во период на преселбите на народите, за време на инвазијата на Франките. Свети Елеутериј бил бискуп од 484 година до првите години на шестиот век. Овој светец е многу почитуван од народот во Турнао и во Фландрија.