Свештеникот од Романија, отец Емануел Комивес, донирал семејно парче земја за изградбата на „Педијатрискиот центар за палијативна нега – свети Христофор“ во Клуж-Напока. Центарот, поддржан од Архиепископијата на Вад и Клуж бил отворен на неодамна и ќе обезбедува медицинска, психологичка и социјална поддршка за деца со хронични и напредни болести.
Свештеникот открил дека иницијативата потекнува од неговата мајка: „Идејата за донацијата ја поттикна мајка миод благодарност за беспрекорната медицинска и духовна грижа што ја доби мојот татко во неговите последни моменти.“ Тој призна дека првично не верувал дека проектот ќе се реализира толку брзо, но целосно ја поддржал одлуката: „Сега сум мирен знаејќи дека земјиштето донесе „плод“ и стана место на утеха. Христос не е далеку од болното дете, туку стои покрај него, без оправдување, присутен во самото срце на страдањето.“
Центарот го носи името на свети Христофор, чие име значи ‘носител на Христос’. Новата установа ќе има 19 одделенија со капацитет за 35 деца, модерни простории за третман, консултации и рекреација.
Центарот е замислен како регионален референтен центар за педијатриска палијативна грижа и ќе се фокусира на целосна грижа за детето и неговото семејство — физичка, психолошка, социјална и духовна.

