Архиепископот Стефан му го честитал именденот на Вселенскиот патријатх Вартоломеј, објави денеска портапролот на Синодот на МПЦ-ОА, епископот Херклејски Климент.
Во изјавата за медиумите, по синодската седница, владиката Климент кажа дека Архиепископот вчера испратил честитка до Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх.
Портаролот на САС на МПЦ-ОА оцени дека комуникацијата меѓу МПЦ-ОА и Вселенската патријаршија постои и таа се одржува, одговарајќи на новинарско прашање дали на синодската седница е разговарано за односте меѓу двете цркви.
-Можам само да кажам дека вчерашниот ден беше именден на Неговата Сесветост и неговото Блаженство архиепископот Охридски и македонски г.г. Стефан, му испрати честитка по повод именденот, така што комуникацијата меѓу нас, меѓу нашата црква и Вселенската патријаршија се одржува, изјави епископот Климент.

