СПЦ со пофални зборови за Вартоломеј и за Вселенската патријаршија

Date:

Share post:

Славонскиот епископ на СПЦ Јован бил гостин на Грчката православна црква за чествувањето на Светите Кирил и Методиј во истоимениот храм во Солун. Она што го карактеризира ова заедничко чествување на Светите браќа е изборот на ГПЦ да покани архијереј од СПЦ, но исто така и почитта кон Вселенскиот патријарх Вартоломеј ја искажува во говорот епископот на СПЦ. Ова доближување на СПЦ со ГПЦ и пофалните зборови кон Вартоломеј доаѓаат непосредно по посетата на Српскиот патријарх Порфириј на Москва.

Епископот на СПЦ, Јован, во говорот по службата во црквата во Солун, за Вселенскиот патријарх и за Вселенската патријаршија зборува како за Мајка црква.

– Стоејќи во овој велелепен дом на Светите Кирил и Методиј, а дом го нарекуваме и овој град, сопрестолен на Цариград, како и овој храм, кој е вистинска икона на Царството Небесно, не ми доаѓа на ум да кажам нешто поголемо од она што му го кажав на Неговата Сесветост Патријархот Цариградски г. Вартоломеј, кога тој со своите апостолски нозе чекореше во манастирот Јасеновац и на тлото на најстрашниот логор во Втората Светска војна, на местото каде што царувала смртта, вели епсикопот на СПЦ.

Посочува дека од западната капија на Константиновиот град, некаде на почетокот на чесниот и велик пост во 863 година, се упатила кон Словените во далечна Моравија (денешните Чешка и Словачка) поворка, на чие чело биле Солунските браќа Кирил – библиотекарот на храмот Св. Софија и Методиј, а по нив нивните ученици Климент, Наум, Ангелариј, Горазд и Сава. На пат тргнале по благоволение на Ромејскиот цар Михаил трети и Светиот Патријарх Фотиј, а на повик од Моравскиот кнез Ростислав, кој го молел царот- Ромејското царство да ги просветли со Слово и Дух веќе со крштение просвештените Словени. Пред да тргнат на пат, молејќи му се на Св. Григориј Богослов, Св. Кирил на основите на Коптското, Етиопското, Ерменското и Грузиското писмо го составил Словенското писмо нарекувајќи го Глаголица. Во текот на патувањето кон Моравија, најпрво го превел Воскресното (Пасхално) Евангелие, па Господовата молитва, и останатите Св.Тајни и светите велики служби, кои ги отслужиле на словенски јазик на Пасха, кога светите браќа пристигнале кај Словените на Пасха.

-Што ние Словените сме добиле од светите браќа и мајката Црква Цариградска и од овој град во кој стоиме, којшто бил нивен дом? Добивме полнота на Христа; полнота на јазик, исткаен, сотворен според неискажливото богатство на јазикот на Хомер, Сократ и Василиј Велики; полнота на култура, цивилизација, правни и државни мисли од древна Елада и Римската империја, сочувани и конечно вообличени и охристовени во Ромејското царство во средба со Библискиот жив Бог; и конечно, добивме полнота на богословието, кое преку Светиот Максим Исповедник ни говори дека во основата на самите микроклетки на човековото битие и битието на Космосот се наоѓа Распнатиот Богочовек, Неговата Крстна жртва. Никаде и никогаш, можеби, после Распнувањето, не се пројавила таа жртва со таква сила како во местото од каде што јас доаѓам – во Славонија. Преку системот на концентрационите логори на смртта во Јасеновац во времето на Втората Светска војна, чија катаклизмичка природа се почувствува и во овој град во кој стоиме – домот на светите браќа – и тој го доживеа во полнота ужасот. Град кој се побунил против безумното зло Хитлерово, кое го снајде светот. Град во кој се умирало од глад, и чиишто Евреи, оние што ја сочинуваа престолнината на Сефардскиот свет ги проголта огнот во Аушвиц и Биркенау. Но додека во Аушвиц се умирало од плин, од гас, во Јасеновац умирале стотина илјади од ножеви и палки. Во Солун се умирало од луѓе кои се одрекле од Христа – Германците – кои убивале во името на германскиот натчовек, а во Јасеновац се убивало во име на Римскиот папа. Оние што убивале мислеле дека на Бога Му принесуваат служба, вели епсикопот Јован.

-Ете, Ваше Високопреосвештенство, што ние Србите му принесуваме за возврат на овој свештен град и светите браќа Солунски: десетина илјади деца кои со своите страдања се уподобија на Витлеемските младенци и гробните полиња на Јасеновац, каде ве повикуваме да дојдете и да служиме заедно, на коишто процвета цветот на мачеништвото и на кои се чувствуваме како на Велика Сабота во Светиот Град Јерусалим, чувствувајќи како секој момент би се затреса земјата и би почнало Општото Воскресение. Бивајќи научени од Светите браќа Кирил и Методиј дека Црквата на гробовите на Мачениците се собирала, се молела, востановувала олтари, принесувала Евхаристиска бескрвна жртва и подигнувала храмови. Ние, Ваше Високопреосвештенство, Вам и на овој свештен храм, Ви носиме мошти од Светите Новомаченици Јасеновачки како свештен плод од мисијата на светите браќа, за да би ние, Грците и Србите, заедно пренесувајќи во заедница бескрвна жртва да би ја посведочиле полнотата на Црквата Божја во кои нѐ воведоа нас Словените светите браќа, рамноапостолните Кирил и Методиј, кои сме плод на свештената катедра со која вие претседавате. Христос воскресе, вели Славонскиот епсикоп на СПЦ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Православни монаси од Њујорк ја одржуваат манастирската економија со одгледување на кучиња

Луси и Исо, неговите германски овчари, веднаш почнуваат возбудено да лаат, а со нив и десетнеделната Пирена, едно...

Победата наша е верата наша: Свети Георгиј во животот на Црквата

Уште еднаш во текот на годината, нашата света Црква го празнува и почитува великомаченикот свети Георгиј. Освен во...

Единството не е административна состојба, туку евхаристиско заедништво вдахновено од Светиот Дух

Со благодарност кон дародавецот Бог, Кој ни ја подари можноста и денес да се собереме во Негово име,...

Демократски штит на ЕУ: Русија со години подготвувала дезинформативен напад во Молдавија

Европската унија ја претстави новата стратегија „Демократски штит“, замислена како одговор на забрзаните дезинформативни кампањи и хибридни закани,...