СПЦ дава поддршка за медицинска трансплантација на органи

Date:

Share post:

Српската православна црква го потврди својот став за согласност околу медицинската трансплантација на органи, откако во српската јавност беше обвинувана дека не ја поддржува владината кампања за законска регулација на трансплантацијата.

Во соопштение СПЦ пишува дека неосновано била предмет на јавен напад, бидејќи од нејзе досега никој од државата не барал согласност.

-Последниот отровен спин, буквално посеан во сите значајни медиуми, се однесува на наводната неподготвеност на Црквата да ја поддржи кампањата на Министерството за здравство Продолжи живот. Притоа, никој не го посочува еклатантниот пример дека, во оваа работа, јавно и пред камерите, Неговата Светост Патријархот српски г. Порфириј, доброволнен дарител на крв секоја година, најмалку двапати годишно, а на негова иницијатива на Заводот за трансфузија му се достапни сите парохиски домови во Белград, секогаш кога е потребно, за што Црквата редовно ги известува верниците, како и сите други. Познат е фактот дека некои српски владици ги оставиле своите органи во аманет и тоа не го криеле од јавноста. Се разбира, на ист начин постапуваа и многу свештеници кои јавно не зборуваа за тоа. На крајот, никој од надлежните во државата официјално не побарал официјален став од црквата, а камоли дека за тоа имало „тешки преговори“, како што пишуваат некои, стои во соопштението.

Во него се посочува дека СПЦ својот став за оваа тема го донела уште во 2004 година, заснован на Христовото учење и следствено, на Светото Писмо и на двомилениумското искуство (Светото Предание), со кое таа се согласува со трансплантација на органи доколку се исполнети следните услови:

– дека дарителот доброволно ги оставил неговите органи во аманет и

– дека семејството на донаторот постхумно дало согласност.

-Сето ова важи со фактот ако смртта на донаторот е констатирана од стручна лекарска комисија согласно медицинската етика. Светиот архиерејски синод ја потврдува трансплантацијата на органи од живи лица се додека животот на донаторот („дарител“) не е загрозен. Во ерата на растечките општествени разлики и имајќи ги предвид ужасните искуства од минатите војни, од кои едно од најстрашните е таканаречената Жолта куќа во соседна Албанија, нашата црква секогаш и несомнено ќе нагласува дека одлуката за трансплантација на органи , без разлика дали „дарителот“ е мртов или жив, е прашање со кое може да се занимава само медицински персонал со беспрекорен морал, а не морално рамнодушен или, уште полошо, корумпиран. Нашата Црква, во тој поглед, отсекогаш имала, сега има и ќе има во иднина отворен и крајно добронамерен став по прашањето на трансплантацијата на органи. Таа има став, не од вчера, туку, овде, две илјади години. Сосема бесмислена е инсинуацијата дека „преговорите“ со неа се „тешки“, бидејќи не се ни почнати, соопшти СПЦ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Нови можности за рекреација: Тоневски ја најави велосипедска патеката Пробиштип–Ратавица

Кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип, Тони Тоневски, најави изградба на нова велосипедска патека од Пробиштип до селото...

ВИДЕО: Ѓорѓиевски со екипите на терен: Акција за чистење на најкритичните локации во градот

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, утрово ја продолжи акцијата за чистење на главниот град, заедно...

Вартоломеј во Букурешт – пораката испратена кон Москва

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј пристигна во Букурешт за осветување на најголемиот православен храм во светот, Националната катедрала на Букурешт. Тој...

Вселенскиот патријарх Вартоломеј: „Автокефалноста не служи за поделба, туку за единство во Црквата“

Во својата беседа, Вселенскиот патријарх Вартоломеј изрази радост и благодарност за топлиот пречек и љубовта на патријархот Даниел,...