Професорот Ратомир Грозданоски ќе има предавања на Универзитетот во Загреб

Date:

Share post:

Професорот Ратомир Грозданоски во текот на седмицава ќе одржи предавања на Универзитетот во Загреб. Тој ќе говори пред студентите и професорите на Факултетот за филозофија и религиски науки на тема за Верата во модерното време – предизвици, а потоа и во Центарот за проучување на односот меѓу науката и религиите насловено: Верата и знаењето.

Централното вечерното предавање на Универзитетот пред академската јавност ќе биде на Католичкиот богословски факултет со наслов: Мудроста и Премудроста Божја според свети апостол Павле. Тој ќе оствари средби со деканите и професорите на факултетите, а ќе присуствува и на културни настани во Загреб и ќе посети значајни места и културно – историски обележја.

-За професорот Ратомир Грозданоски, протоѓакон и долгогодишен секретар на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква, централно место во Загреб е и Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“, која, како што вели, е од особено значење и за нив кои се таму, а и за сите што се во Македонија, стои во соопштението. Затоа, со благослов на митрополитот европски Пимен ќе отслужи и вечерна богослужба, а потоа ќе одржи предавање во црковната сала, на тема: Разумот и верата – маловерието според Евангелието. 

/МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Израз на солидарност од православен митрополит по сообраќајна несреќа во Стокхолм

Автобус на јавниот превоз во Стокхолм, Шведска, излетал од својата траекторија и удрил во автобуска постојка, при што...

Британски пастор предупреден од полицијата дека библиска порака на неговиот кaмпер (возило) може да се смета за „говор на омраза“

Во Ланкашир, на северозападот од Англија, полициски службеник предупредил 59-годишен христијански пастор дека библиски стих поставен на задниот...

Грчкиот министер за надворешни работи: „Потребна е итна заштита на христијанските заедници на Блискиот Исток“

Грчкиот министер за одбрана Никос Дендиас ја истакнал неопходноста од итна заштита на христијанските заедници во поширокиот регион...

Папата Лав XIV: „Киното е повеќе од екран – тоа ја влева надежта“

Папата упатил силна порака до актерите, режисерите и сценаристите од светската филмска индустрија и ги повикал да бидат...