Делегацијата на Српската православна црква по се изгледа на Светиот и Голем Собор на Крит ќе ја игра добро познатата тактика на „добар и лош полицаец“. Ако Патријархот Иринеј е оној кој ќе ја држи конструктивната и „умерена“ страна и на стартот на СОборот предложи да бидат поканети и останатите поглавари, Бачкиот епсикоп Иринеј Буловиќ ќе биде саботер на Соборот.
Тој веќе на првата средба денеска предложил Соборот да биде прекинат се додека не се обезбеди учество на Руската Православна црква, јавуваат новински агенции
-Руската православна црква е најбројна и Соборот не треба да продолжи без нејзино учество, предложил Бачкиот епископ Иринеј.
Тој деновиве во српските медиуми беше обвинуван дека со помош на РПЦ се обидел да изврши пуч во Српската патријаршија и да спречи нејзино учество на Соборот. Намерата за пуч ја спречил Јован Вранишковски, кој за тоа го известил Српскиот Патријарх Иринеј.
Поделбата во СПЦ е очигледна, но деновите на Соборот ќе покажат дали таа е реална или фингирана, со цел СПЦ да се позиционира на две столици и на овој Собор да изигрува црква која ќе ги помирува Цариград и Москва.
/РЕЛИГИЈА.МК


Na vakvata situacija samo papata zadovolno trla race, , pa i muslimanite i site nepravoslavni.
Како лажите…Све ова шо го изнесовте е една голема лаж.Друг пат пред да изнесите лаги,
поубо почекајте или проверите шо изнесвите.Со Господа ми останите,