Почетна Вести АТИНСКИОТ АРХИЕПИСКОП: Се срамам од некои Поглавари
АТИНСКИОТ АРХИЕПИСКОП: Се срамам од некои Поглавари

АТИНСКИОТ АРХИЕПИСКОП: Се срамам од некои Поглавари

370
0

Атинскиот Архиепископ Jероним чувствува срам поради одбивањето во последен момент на некои од поглаварите на православните Цркви да не дојдат на закажаниот Собор.

Jeronim grcki– Се срамам поради активностите на некои луѓе. Да се ​​надеваме дека тешкотиите ќе бидат надминати, бидејќи оваа средба треба да се одржи по секоја цена. Откако сите сме договориле да има Собор, не може во последен момент секој да си предлага негови работи. Тоа е уцена, изјавил Јероним во интервју за грчките мдиуми.

– Може ли да се зборува за црковен империјализам од страна на Москва, за желба да владее над Вселенската Патријаршија?

ЈЕРОНИМ:  Не сакам да зборувам на овој начин, но ќе кажам дека за Москва најголемиот проблем е да го обврзе Вселенскиот патријарх со ветување дека нема да направи во Украина слободна Црква.

– Што ќе му кажете прво на Вселенскиот патријарх, кога се сретнете?

ЈЕРОНИМ: Ќе му кажам дека оваа средба е успешна, но и дека се што се случува е тест и треба да видиме дали не носиме вина и ние. Тоа исто така треба да го размислиме.

– Вие сте архиереј со голем авторитет, сите ве почитуваат. Дали имате намера да им се обратите на Поглаварите на Црквите, кои откажаа да дојдат и да им кажете: дојдете, браќа, да не го уништуваме единството на Православието!

ЈЕРОНИМ:  Претпоставувам дека во почетокот (на Соборот) ќе има средба на поглаварите и мојата позиција ќе биде јасно изразена. И јас имам причина да се жалам за многу работи, но не ги поставувам нашите поплаки пред Црквата.

– Што очекувате од Светиот и Велики Собор?

ЈЕРОНИМ:  Не очекувам многу работи, но најважно е по толку долг период овие луѓе, дисперзирани во 14 автокефални цркви, да успеат во тоа тешко време да се соберат заедно и заедно да ги решаваат своите проблеми. Тоа е најголемиот порака, другите прашања се секундарни.

/„ЕТНИКОС КИРИКИС“

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *