Сотировски: Празничната радост да ги огрее срцата и да ги исполни со љубов и христијанска доблест

Date:

Share post:

Нека празничната радост ги огрее срцата и нека ги исполни со љубов и христијанска доблест. Нека ни даде сила и мудрост да се справиме со предизвиците што ги носи денешното време, а во секого од нас здравје, трпение и мир.

Ова го порача директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски во божиќната честитка упатена до архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прва г. г. Стефан, до членовите на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, како и до свештенството и монаштвото, до граѓаните од православна вероисповед и до сите христијани кои празнуваат по јулијанскиот календар.

-И Словото стана тело и се всели меѓу нас, полно со благодат и вистина“ (Јн. 1,14). Дозволете во овие возвишени празнични моменти од името на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи и од свое име да Ви ги пренесам искрените честитки по повод Христовото рождество – Божиќ и да Ве поздравам со: Христос се роди!, напиша Сотировски во божиќната честитка.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...