Сотировски: Овој празник нека донесе многу радост, благосостојба и мир

Date:

Share post:

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница Реис Ул Улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи, до членовите на Ријасетот, до муфтиите и имамите и до сите граѓани кои го празнуваат Курбан Бајрам.

-Овој празник нека донесе многу радост, благосостојба и мир во Вашите домови и во домовите на Вашите најблиски. Љубовта и грижата за најблиските нека бидат поттик за среќа и општа благосостојба на секој граѓанин во општеството, нека потсетува постојано на големото значење на меѓусебната доверба, разбирање, дијалог и толеранција како суштински услови за мир, соживот и среќа, се наведува во честитката.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...