Почетна Вера ИВЗ Пендаровски: Верувам дека со заеднички усилби конечно ќе изградиме едно општество
Пендаровски: Верувам дека со заеднички усилби конечно ќе изградиме едно општество
0

Пендаровски: Верувам дека со заеднички усилби конечно ќе изградиме едно општество

43
0

Дозволете да ја искористам оваа можност да Ве повикам и понатаму посветено да работиме на разбирањето и меѓусебното почитување без разлика на верска, етничка или која било друга припадност, напиша претседател Стево Пендаровски во честитката до граѓаните со исламска вероисповед по повод празникот Курбан Бајрам.

„Верувам дека со заеднички усилби конечно ќе изградиме едно општество во кое секој ќе се чувствува рамноправен и слободен“, се наведува во честитката на Пендаровски.

Како што соопшти Кабинетот на шефот на државата, Пендаровски, по повод Курбан бајрам, упатил честитка и до поглаварот на Исламската верска заедница, реис–ул–улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи.

„Дозволете ми, Вам лично, на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите граѓани од исламска вероисповед во Република Северна Македонија, да Ви упатам најсрдечни честитки по повод големиот празник Курбан Бајрам. Посакувам Исламската верска заедница и понатаму посветено да ја извршува својата мисија грижејќи се подеднакво за сите свои верници и да придонесува за развиена, просперитетна и демократска Република Северна Македонија“, се додава во честитката на Пендаровски.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *