Почетна Вера ИВЗ Честитка од МД „Илинден“ по повод Курбан бајрам
Честитка од МД „Илинден“ по повод Курбан бајрам
0

Честитка од МД „Илинден“ по повод Курбан бајрам

73
0

Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана и неговиот огранок за Голо Брдо упатија честитка по повод еден од најголемите муслимански празници Курбан бајрам.

Во неа се посакува, празникот да биде одбележан во кругот на семејствата, роднините и пријателите, во хармонична и весела атмосфера, во духот на спокојството и меѓусебна солидарност.

– Почитувани верници со исламска вероисповед во Република Македонија, во Република Албанија и во целиот свет, празнувањето на Курбан бајрам, поминете го со пораки за добро здравје, среќа и бериќет во семејствата. Вашите мисли и срца нека бидат свртени кон мирот, радоста и заедништвото, како основни вредности за меѓусебно почитување. Во духот на празникот, споделете ја среќата и радоста со сите оние на кои им недостасува, зошто тоа е една од најголемите хумани вредности. Светлината на овој празник нека израдува секого,- стои во честитката потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај и на огранокот Или Халилај.

Тие во честитката посакуваат добрата мисла и добрите човекови дела, да владеат како за празникот, така и во текот на целата година, Бог сите домови да ги исполни со радост а човечкото срце со добрина во деновите на празникот но и секој ден.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *