Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, Даријан Сотировски бил во посети општина Арачиново, каде имал средба со градоначалничката Миликие Халими.
-На средбата се разговараше за заедничкиот настап и соработка во испраќањето јасна порака, поткрепена на дело, дека во Република Македонија мора да отпочне ново поглавје во меѓуетничките, а со тоа и во меѓуконфесионалните односи. Директорот Сотировски го поздрави односот, концептот и ставовите на градоначалничката Халими, притоа изрази поддршка во сите одлучни чекори кои што претстојат, стои во соопштението на КОВЗРГ.
По средбата, Сотировски ја посетил руинираната и осквернавена селска црква Св. Талалеј и селските гробишта во центарот на Арачиново. Сотировски се заложил дека на Црквата во следниот период мора да и биде вратен полниот сјај.
Директорот на КОВЗРГ ја посетил и селската централна џамија, каде разговарал со имамот Идриз Бајрами.

