Соборот на СПЦ заврши, за МПЦ-ОА ниту збор

Date:

Share post:

Дали Соборот донел каква било одлука за евентуално продолжување на дијалогот со Македонската православна црква – ОА, засега останува непознато. Во официјалното соопштение, што два дена по завршувањето на заседанието на највисокото црковно тело на СПЦ, нема ниту еден збор кој се однесува на ова прашање.

Српските Архиереи, според соопштението на СПЦ, разговарале и одлучувале по многу прашања, но за состојбата во Македонија нема никакви информации.

Според некои непотврдени неофицијални изнформации, „Религија.мк“ дознава дека темата МПЦ-ОА и обновување на дијалогот била отворена, но дека дел српски владици не биле расположени за почеток на разговорите, особено што неодамна Вранишковски повторно беше осуден на казна затвор, но која нема да ја издржува, бидејќи таа се поклопува со времето поминато во притвор.

Јован недамна во интервју за „Вечерње новости“ најави дека Соборот на СПЦ ќе донесе одлука околу идните разговори со МПЦ – ОА, но засега тоа прашање останува без официјален одговор.

/РЕЛИГИЈА.МК

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Пимен, Георгиј и архимандритот Гаврил служеа во Пјаченца, Италија

Митрополитите Пимен и Георгиј, заедно со архимандритот Гаврил од Австралсико-сиднејската епархија, отслужија литургија во Пјаченца, Италија. Сослужувањето е во...

Српската дијаспора со комеморации за жртвите од Нови Сад: Митрополитот Григорије меѓу присутните

Српската дијаспора ширум светот – од Европа и Северна Америка, преку Австралија, до Азија – денес организира синхронизирани...

Во Соборниот храм донесена честица од моштите на Свети Климент Римски

Честица од моштите на Свети Климент Папа Римски биле донесени во Соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје. Моштите...

Скандал на Закинтос: Митрополит јавно понижи наставник поради облека во црква

Бура од реакции предизвика на грчкиот остров Закинтос јавното понижување на наставник и директор на училиште од страна...