Почетна Вести Патријарх Кирил: Отец Методиј (Петров) e македонски „амбасадор“ во Русија
Патријарх Кирил: Отец Методиј (Петров) e македонски „амбасадор“ во Русија

Патријарх Кирил: Отец Методиј (Петров) e македонски „амбасадор“ во Русија

779
1

Средбата на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов и патријархот Московски и на цела Русија, Кирил се одржала на 23 мај 2017 година, на која патријархот рекол дека многу луѓе дознаваат за Македонија, посетувајќи го Валаамскиот манастир.

„Таму, постојано се труди еден ваш „амбасадор“, игуменот Методиј (Петров) – легендарна личност, него сите го сакаат. Тој ги прима сите со отворено срце“, потенцирал патријархот.

Братските врски, според патријархот Кирил се протегаат до длабоката древност.

„Охрид претставува свет град за сите Словени: имено во тој град се труделе учениците на светите браќа Кирил и Методиј, со чии имиња е поврзано просветувањето на сите Словенски народи. Се сеќавам на чувството, кое го доживеав, посетувајќи го Охрид и неговите древни храмови. Историјата на вашата земја до денес го чува споменот на оние, кои го сакаат православието и се поврзува со неговата историја и култура“.

На 24 мај, на денот на светите Методиј и Кирил, игуменот Методиј (Петров) чиноначалствуваше на празничната богослужба во домашната црква на „Словенската“ гостилница, осветена во чест на рамноапостолните браќа. На празникот на словенската писменост и култура, се совпаѓа и именденот на Свештеноигуменот на Валаамскиот манастир патријарх Московски Кирил, а исто така и на игуменот Методиј, кој ја носи тешката служба за прием на многубројните гости на Валаамскиот манастир.

„Мислам дека во рускиот народ, длабоко во потсвеста му е заложена огромна вера во Бога: тоа ист дух по крвната словенска линија. Познато ни е, дека иднината на светот е поврзана имено со Русија. Секој духовен човек, кој барем малку се разбира во Божјото откровение, знае дека Русија – е последната, трета христијанска империја после Римската и Византиската“, рекол отец Методиј.

На островот Валаам секојдневно доаѓаат многу поклоници и туристи, и секој гостин на манастирот монахот го пречекува со отворени прегратки, широка насмевка и со зборовите.

„Ви посакуваме, да се чувствувате како дома. Затоа што сите ние, иако сме различни по професија – државници или научници, педагози или работници во културата, прости монаси или свештенослужители – сите нè поврзува само едно – љубовта кон Татковината, кон Русија, и кон најљубениот наш Господ, кон нашата света Црква, вели отец Методиј.

/преспанско-пелагониска епархија

Коментар(1)

  1. Na Vaalam ne se trudi samo eden Makedonec. Ima ih uste. I tie se dobri ambasadori na svoja tatkovina.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *