Почетна Коментар Реџепи: Гответе рационално, не фрлајте туку споделете ја храната
Реџепи: Гответе рационално, не фрлајте туку споделете ја храната

Реџепи: Гответе рационално, не фрлајте туку споделете ја храната

137
0

Се ближи Рамазан, месецот на постот и богобојазноста.
Едни со нетрпение и радост го дочекуваат, други со страв и неспремност, трети со жал што поради медицински причини нема да можат физички да го испочитуваат.
И едните и другите и третите ќе се дадат во прекумерно трошење средства и купување храна, небаре е месец на јадењето и најразновидните јадења, а не месец на воздржување од истите и скромност. Тоа е грешка во духовниот пристап на постот.
Втор проблем е зголеменото фрлање на храната. Иако многу се споделува, сепак многу и се фрла. Со еден оброк не може да се надокнади целодневната апстиненција, а гладен човек секогаш готви повеќе од потребното.
Да не дозволиме да се фрла храна, да готвиме разумно и рационално, а остатоците да ги споделуваме со оние што им е потребна, а за жал ги имаме многу.
Среќни и лесни пости, драги верници, со максимална духовност и рационалност!
Рамазан мубарек.

Фејсбук статус, Јасмин Реџепи

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *