Со „Маршот на живите“ одбележена годишнината од депортацијата на македонските Евреи

Date:

Share post:

Со  „Маршот на живите“ во кој маршираа повеќе од 2.000 битолчани и гости, од местото каде живееја Евреите, кај сегашниот здравствен дом, по Широк Сокак, низ паркот, па се до железничката станица, каде беа депортирани за Треблинка, завршија активностите по повод одбележувањето на 75 години од депортацијата на македонските Евреи.

Дел од одбележувањето во Битола беа собранискиот спикер Талат Џафери, министерот за култура Роберт Алаѓозовски, битолската градоначалничка Наташа Петровска, како и израелскиот министер за одбрана.

-Драги пријатели, денес во Македонија, живее мала Еврејска заедница која со своите активности на сите полиња дава многу препознатлив и значаен придонес во целокупниот општествен и економски и културен развој на државата. Република Македонија, со Законот за денационализација, на Еврејската заедница и го врати целокупниот имот кој го имала уште пред Втората светска војна, како и имотите на нашите сограѓани Евреи, кои беа ликвидирани во Треблинка, а немаат правни наследници. Токму ова, беше појдовна основа за изградба на Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија, рече претседателот на Собранието Талат Џафери.

/bitolanews

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Нови можности за рекреација: Тоневски ја најави велосипедска патеката Пробиштип–Ратавица

Кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип, Тони Тоневски, најави изградба на нова велосипедска патека од Пробиштип до селото...

ВИДЕО: Ѓорѓиевски со екипите на терен: Акција за чистење на најкритичните локации во градот

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, утрово ја продолжи акцијата за чистење на главниот град, заедно...

Вартоломеј во Букурешт – пораката испратена кон Москва

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј пристигна во Букурешт за осветување на најголемиот православен храм во светот, Националната катедрала на Букурешт. Тој...

Вселенскиот патријарх Вартоломеј: „Автокефалноста не служи за поделба, туку за единство во Црквата“

Во својата беседа, Вселенскиот патријарх Вартоломеј изрази радост и благодарност за топлиот пречек и љубовта на патријархот Даниел,...