Почетна Вера Еврејска заедница Мицкоски: Никогаш да не се повтори
Мицкоски: Никогаш да не се повтори

Мицкоски: Никогаш да не се повтори

10
0

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ со почит кон депортираните македонски евреи пред 75 години

„Денешниот ден е еден од најтажните денови во македонската историја. Пред 75 години на 11ти март започнала депортацијата на македонските Евреи во логорот Треблинка, 7144 наши сограѓани го започнале својот пат без повраток. Македонскиот пример е особено ужасен и болен, ликвидирани се 98% од припадниците на Еврејската заедница, од кои дури 50% биле деца. Еврејските маала во Битола, Штип и Скопје останале празни, останале празни куќи и домови, а ние сме останале без нашите сограѓани, соседи и пријатели.

Само документите и неколкумина преживеани остануваат да бидат единствениот сведок за траорната судбина на овие луѓе.

По повод 75 годишнината од депортирањето на македонските Евреи би сакал да оддадам почит и жалење за она на кое што Еврејската заедница во Македонија била подложна во минатото. Не смееме никогаш да го заборавиме плачот и тагата на овие семејства и нивната голгота. Нека останат во меморијата на македонскиот народ и никогаш да не се повторат.
Слава им!“-напиша лидерот на својот фејсбук профил.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *