Синодот го потврди 18 октомври за соборна прослава на илјадагодишнината на Бигорскиот манастир

Date:

Share post:

18 Октомври 2020 ќе биде историскиот датум на кој МПЦ-ОА и Бигорската Обител  ќе го одбележат историскиот настан 1000 години од основањето на Бигорскиот манастир.

Овој датум го потврдил и Синодот на последната Синодска седница, одржана на 6 февруари 2020 година.

Датумот бил утврден на предлог на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

-Освен централната прослава на 18 октомври, предвидени се и други манифестации по повод илјадагодишнината, за кои јавноста дополнително ќе биде известена“, стои во   соопштението  од канцеларијата на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА.

Инаку овој датум – 18 октомври претходно беше договорен помеѓу Архимандрит Партениј, и Митрополитот Тимотеј, на нивната заедничка средба во митрополитското седиште во Охрид, на 29 јануари оваа година.

-Да Му благодариме на нашиот милостив Спасител, Господ Исус Христос и Неговиот чесен Претеча и Крстител, Свети Јован, што нѐ удостоја во наше време и од нашите генерации да биде прославен величествениот јубилеј на славното Бигорско Светилиште!, велат од Бигорски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here