Почетна Анализа Руското разузнавање дејствува преку српскиот митрополит во Црна Гора Амфилохиј
Руското разузнавање дејствува преку српскиот митрополит во Црна Гора Амфилохиј

Руското разузнавање дејствува преку српскиот митрополит во Црна Гора Амфилохиј

567
1

Српската Црква активно учествува во дестабилизирањето на Балканот, ползувајќи ги наративите на Кремљ за граѓанска војна.

Порано или подоцна руското разузнавање требаше да го извади во активна фаза својот главен актив на Балканот – религијата. И врз основа на тоа како црногорската законодавна иницијатива „За слободата на вероисповеданието и убедувањата и за правниот статус на нерелигиозните заедници“ ја поткопа позицијата на Српската црква во Црна Гора, како прва стапка кон нејзиното лишување од апсолутниот монопол, така беше поткопано и влијанието на Москва.

За никого не е тајна дека Српската црква припаѓа во категоријата на најпреданите на РПЦ, но тоа е фигуративно кажано. Во реалноста, таа е директно придружен клон на РПЦ, која остварува соодветна општествено-политичка дејност во регионот. И не е изненадувачко тоа што Црна Гора започна да зборува за можна автокефалија на својата Црква, макар и не толку на висок глас, но Законот, усвоен од црногорскиот парламент на 27 декември 2019 година, навести за тоа априори.

Исто така, не е изненадувачко тоа што Српската црква, манипулирајќи со населението, извади на улиците илјадници свои приврзаници не само по цела Србија, но и во Црна Гора. И многу карактеристично беше тоа што во екот на протестите, во руските туристички агенции балканската насока стана исклучително популарна во ГРУ*.

На пример, потврден факт е и тоа, што кога на улиците во косовскиот град Грачаница излегоа етнички Срби, за да се спротивстават на Законот на слобода на вероисповеданието во Црна Гора, среде месните жители беа забележани руски граѓани, од кои некои беа претставници на руското воено разузнавање на ГРУ. Во истото време, според месните медиуми, руските разузнавачи пристигнале во градот вечерта спроти протестите, со фалсификувани документи, претставувајќи се за служители на ООН во Косово (вообичаено покритие за руските разузнавачи, кои дејствуваат на Балканот) и направиле средби со месното духовништво во манастирот во Грачаница.

Но тоа е, всушност, само прелудиум кон она што сега се врши на религиозна основа на Балканот.
На пример, неодамна Митрополитот на Српската православна црква во Цркна Гора, Амфилохиј, направи редица резонантни изјави.

Прво – според Митрополит Амфилохиј, доделувањето на Томос на Православната црква на Украина (ПЦУ) „е фатално за Константинополската Патријаршија“.

Второ – митрополитот истакна дека активните противници на законот биле готови за граѓанска војна.

На тој начин, ние, заедно со вас, можеме да набљудуваме класично сценарио за дестабилизирање на регионот преку манипулирање на религиозното прашање, коешто, меѓу другото, се обида да го приложат и во ситуацијата со доделувањето на Томос за автокефалијата на ПЦУ.

Да ве потсетам, во најостриот момент на примање на решението за доделување на Томос за автокефалијата на ПЦУ од Константинопол и извесно време потоа, од скоро целата пропагандна машина на Руската Федерација (РФ), вклучително и на територијата на Украина преку нејзините филијали и медиумски ресурси, беше распространуван наративот за граѓанска војна на религиска основа.

Но, ситуацијата на Балканот се усложнува од тоа што регионот продолжува да е експлозивен, и покрај целосната далечинска, а понекогаш и директна контрола од Москва врз политичкиот и религиозен живот во Србија. А информативниот дневен ред во Србија содржи висок ризик за таква експлозија; до скоро такво настроение се проектираше главно врз Косово.

Од своја страна, изјавите на таква религиозна фигура како Митрополит Амфилохиј можат да бидат уште еден тригер на спроведуваното ктализирање на социјално-религиозната ситуација во регионот.

* Главната разузнавачка управа или на руски јазик: Гла́вное разве́дывательное управле́ние, познато и со кратенката ГРУ, е централниот орган на военото разузнавање на РККА, Црвената/Советската армија и Вооружените сили на Руската Федерација. Како организација продолжува да дејствува и до денес. Целосното име на ова тело му е Главна разузнавачка управа ва Генералниот штаб на Вооружените сили на Руската Федерација. Се занимава со сите видови разузнавање во интерес на вооружените сили. Нејзината формација и бројот на членовите е државна тајна.

Пишува:  Александар Коваленко, воено-политички аналитичар

ИЗВОР 

ИЗВОР

Коментар(1)

  1. Бесмислена анализа пуна празних тврдњи. То плашење Русима постаје смешно.
    Овде је реч о покушају једног човека,који је већ тридесет година на власти,да узме имовину Цркве. Треба рећи да је уз Митрополита Амфилохија у овој ствари и Васељенски Патријарх Вартоломеј и римски Папа Франциско ,а и Митрополит Дебарско-кичевски Тимотеј.
    Како рече хрватски теолог Драго Пилсел :”Овај закон је Ђукановићева глупост”.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *