Патријархот на Руската православна црква Кирил, кој го прослави Божик заедно со рускиот претседател Владимир Путин, изјави дека западниот свет негува омраза кон Русија.
Кирил, гласен поддржувач на руската инвазија на Украина, благослови верски икони и крстови кои ќе ги носат иницијалите на претседателот Путин, наменети за војниците кои се бореа во Украина во изминатите 34 месеци, јавуваат руските медиуми.
-Тие не мразат затоа што нудиме поинаков, алтернативен пат на цивилизиран развој. Западот е во морален колапс. Тие не можат да не победат, без разлика колку напорно се обидуваат преку клевета или со формирање коалиции кои имаат за цел да ја ослабат Русија. Ништо од ова нема да успее бидејќи Бог е со нас, рекол Кирил во катедралата на Христос Спасителот.
Во својата божикна порака, рускиот претседател Путин ја пофали Црквата за нејзината улога во „јакнењето на институцијата на семејството, подигањето млади луѓе и афирмирањето на моралните идеали“.
Не знам како не помисливте дека Божиќното послание на Московскиот Патријарх е во целост објавено на барем неколку одицијални православни сајтови. И во него нема ни трага од овие ваши цитати. Значи, некој може да ве тужи и за клевета и злонамерни дезинформации околу личноста и делото на Московскиот Патријарх Кирил. Да ве тужи за разгорување верска омраза, нетрпеливост кон Поглаварот на цела една Помесна Православна Црква, на најголемиот словенски народ денес и воопшто во историјата и се разбира, за поттикнување неосновани непријателства. Бидете сигурни дека постојат такви инстанци каде што ниеден клеветник не е недопирлив, со казни од чии последици не е едноставно таквиот да се носи, дури и да мисли дека е под некаква специјална заштита. Вистината е секогаш поспецијална од лагата.