Рускиот патријарх тврди дека Западот ја мрази Русија бидејќи била непобедлива

Date:

Share post:

Патријархот на Руската православна црква Кирил, кој го прослави Божик заедно со рускиот претседател Владимир Путин, изјави дека западниот свет негува омраза кон Русија.

Кирил, гласен поддржувач на руската инвазија на Украина, благослови верски икони и крстови кои ќе ги носат иницијалите на претседателот Путин, наменети за војниците кои се бореа во Украина во изминатите 34 месеци, јавуваат руските медиуми.

-Тие не мразат затоа што нудиме поинаков, алтернативен пат на цивилизиран развој. Западот е во морален колапс. Тие не можат да не победат, без разлика колку напорно се обидуваат преку клевета или со формирање коалиции кои имаат за цел да ја ослабат Русија. Ништо од ова нема да успее бидејќи Бог е со нас, рекол Кирил во катедралата на Христос Спасителот.

Во својата божикна порака, рускиот претседател Путин ја пофали Црквата за нејзината улога во „јакнењето на институцијата на семејството, подигањето млади луѓе и афирмирањето на моралните идеали“.

1 COMMENT

  1. Не знам како не помисливте дека Божиќното послание на Московскиот Патријарх е во целост објавено на барем неколку одицијални православни сајтови. И во него нема ни трага од овие ваши цитати. Значи, некој може да ве тужи и за клевета и злонамерни дезинформации околу личноста и делото на Московскиот Патријарх Кирил. Да ве тужи за разгорување верска омраза, нетрпеливост кон Поглаварот на цела една Помесна Православна Црква, на најголемиот словенски народ денес и воопшто во историјата и се разбира, за поттикнување неосновани непријателства. Бидете сигурни дека постојат такви инстанци каде што ниеден клеветник не е недопирлив, со казни од чии последици не е едноставно таквиот да се носи, дури и да мисли дека е под некаква специјална заштита. Вистината е секогаш поспецијална од лагата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Архиепископот на Финска во посета на Патријаршијата на Грузија

Митрополиот Шио (Мужири), местобљустител на патријаршискиот престол и Митрополит на Сенаки и Чхоротску, го прими Архиепископот Илија од...

Патријархот и националистите на ист пат: Литија како сигнал за нова православна политика

Во руската престолнина пред извесно време се одржа голема православна литија по повод верскиот празник Собор на московските...

Одбележана 565-годишнината од пренесувањето на моштите на светиот крал Милутин во Софија

Српската и Бугарската православна црква заедно одбележаа 565 години од пренесувањето на моштите на светиот српски крал Милутин...

Јубилејна литургија по повод 50 години од осветувањето на храмот „Свети Петар и Павле“ во Ѓорче Петров

На 9 ноември 2025 година, по повод 50-годишнината од осветувањето на храмот „Свети апостоли Петар и Павле“ во...