Рускиот Патријарх ќе оди на средба со Вселенскиот Патријарх?

Date:

Share post:

Рускиот патријарх Кирил најверојатно ќе отпатува во посета на Вселенската Патријаршија, објавија дел од грчките медиуми. Според неофицијалните информации Московскиот Патријарх следната недела треба да има средба со Вселенскиот патријарх Вартоломеј во седиштето на Вселенската Патријаршија во фанар.

Единствената точка на разговорот ќе биде украинската автокефалност. Според пишувањата на грчките медиуми средбата била договорена усмено, без претходна писмена формална комуникација.

Засега ниту Руската црква, ниту пак Вселенската патријаршија не ја потврдува, ниту демантира оваа информација.

/Двери.бг

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img