Почетна Вести Свет Самоубиствен напад во џамија Авганистан, најмалку 39 загинати
Самоубиствен напад во џамија Авганистан, најмалку 39 загинати

Самоубиствен напад во џамија Авганистан, најмалку 39 загинати

76
0

Најмалку 39 лица загинаа, а 81 лице е повредено во денешниот двоен самоубиствен напад во шиитска џамија во источен Авганистан, соопшти Абдула Хасрат, портпарол на гувернерот на провинцијата Пактија.

Сите повредени, од кои некои во лоша состојба, се хоспитализирани, информираат регионалните здравствени власти.

Двајца мажи облечени во женска облека и вооружени со пушки влегле во џамијата во градот Гардез за време на попладневната молитва. Тие отвориле оган врз верниците, а потоа го активирале експлозивот што го носеле, соопшти локалната полиција.

Досега, ниту една група не презеде одговорност за нападот. Талибанците изјавија дека немаат никаква врска со него.

Шиитите во Авганистан честопати се цел на напади од сунитската екстремистичка група Исламска држава (ИД).

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *