Руската црква го дели Православието за да се наметне како нов примат

Date:

Share post:

Бугарскиот архимандрит Никанор имаше исклучително интересно гостивање на БНТ, во кое зборува многу отворено за состојбите во Православниот свет и за влијанието на Руската православна црква. Никанор, на моменти со интересни детали го опишува и развојот на БПЦ низ историјата и дава една поинаква слика за историските околности. Дел од неговите ставови сигурно нема да им се допаднат на голем број националисти историчари во Софија.

Еве дел од тоа интервју:

 

БНТ:. Ќе говориме за Црногорскиот манастир, но би сакала уште да ја завршиме темата за општењето со другите Православни Цркви. Што мислите Вие и што сметате, какво треба да биде општењето. Каде е местото – има ли таму место Украинската Црква?

А. НИКАНОР: Секоја една помесна Црква има свое место во семејството на Православните Цркви. Но фраза – семејство на Православните Цркви сакам да кажам дека е описно речено и не е точно богословски. Во 9-от член од Символот на верата ние исповедаме една, света, вселенска и апостолска Црква. Една, не пет, не девет, не петнаесет. И во таа смисла треба искрено да кажеме дека православието и таа една Црква се во многу сериозна криза, зашто внатре, еден дел од неа потегнал една борба да го промени вековниот, илјадалетниот ред во таа Црква, поконкретно кажано Московската помесна црква сака да ја принуди Вселенската да се откаже од водечките позиции и самата да ги преземе, нешто што не е предвидено во канонскиот ред, не е предвидено во правилата според кои се управува и организира таа една Црква. Средствата за да се постигнат таа цел е прво да се наметне дека Црквата не е една, туку само на зборови е една, а всушност се сосема одделни, независни петнаесет Цркви, како некаква федерација или некакво собирање на жителите, некој заеднички простор при влезот, каде што сите се сретнуваат, но инаку секој си има своја врата, се заклучува внатре и си е доволен сам по себе. Откако ќе биде постигнато тоа, откако ќе ја разделат Црквата, истата да се обедини на друг начин, под нова капа, на принципот кој е спротивен на вековниот канонски ред и на тоа што го посакал Светиот Дух во Црквата, но според принципот на тоа кој во моментот ја има силата, има финансиска и политичка моќ, се разбира Москва во тој однос е многу понапред и многу погоре отколку Константинопол. Но Бог посакал така што Православната Црква да се раководи не според власт, туку според авторитет, според определените неколку привилегии, од еден скромен и тивок човек, којшто живее во една туѓа држава во однос на религиозниот признак и кој на тој начин покажува особено смирение.

БНТ: – Зборувате за Вселенскиот Патријарх?

А.НИКАНОР: Да, зборувам за Вселенскиот Патријарх.

БНТ: – Каде во таа борба, во таа конфронтација меѓу Руската и Вселенската Патријаршија е Бугарската Православна Црква?

А.НИКАНОР: БПЦ, за жал, го започнува својот најнов период, можам да кажам дека ние имаме три периода (историски) – БПЦ на времето е шестата автокефална Црква како патријаршија или седмата ако ја броиме и Кипарската, во рамките на таа една Вселенска Црква и е првородна ќерка на Константинополската Патријаршија и сè што ние имаме е од Константинопол: и верата и азбуката, зашто светите Кирил и Методиј се Ромеи, без разлика што биле по националност, тие биле поданици на византискиот император, тој ги испраќа во мисии, а и нивниот патријарх Фотиј се согласува со идејата да се просветат во христијанството Словените. Од нив ја имаме книжевноста, ја имаме целата култура. Многу добро знаете дека бугарската култура е една реплика на византиската култура.

БНТ: – Нели ја понижувате малку бугарската култура нарекувајќи ја реплика, не е ли таа оригинал од којшто црпат информација и вдахновение другите словенски народи?

А.НИКАНОР: Многу би сакал, ете и поради тоа што имам некоја склоност кон патриотизам, да видам оригинал, би сакал да видам аналог на тоа што го има на пример древната англиска литература со поезијата, нешто како бугарска Ана Комнина, па ако некој најде такво нешто, замолувам веднаш да ми даде да го прочитам, но науката досега не открила такво нешто. Открила само преводи и преводи и тука и таму неколку дела како тие на презвитер Козма или на Црноризец Храбар, но тоа што можеби е доволно да биде оригинално творештво за еден човечки живот, ми се чини малку за една илјадагодишна држава. Затоа да не се мешаме таму каде што не треба. Ние сме живееле заедно со тие луѓе во еден простор и независно од војните што сме ги воделе како држави, сепак како Божји народ, како црковно тело ние сме биле едно, управувано некогаш од центарот, од Константинопол, а понекогаш сме формирале своја локална самоуправа, тоа е првата Бугарска Патријаршија и втората Бугарска патријаршија во Трново. Во вториот период започнавме со лошо затоа што се случува мешање меѓу политичките и религиозните борби на младиот бугарски народ и на бугарската буржуазија кога со Бугарската егзархија се цели на изделување и исцртување на границите на бугарското етничко пространство, кое послужува позитивно на Цариградската амбасадорска конференција, но е уништено со одлука на Сан Стефано. Цариградската Патријаршија сакала да им даде повторно на Бугарите да имаат своја црковна власт, немала ништо против, единствено било спорно каде да се протега, кои земји да ги вклучува. Ние сме биле малку максималисти и сме го барале сето она каде што Бугарите биле некакво мнозинство од 50 отсто и повеќе, но тие (Цариград) рекле не може – само таму каде што сте полно мнозинство и каде што покомпактно живеете… и сега навлегуваме во детали. Тогаш руската држава многу лукаво го искористува овој момент за да ги спротивстави двете страни една против друга и на тој начин се стигнува до шизмата во 1872 година којашто продолжува цели 73 години и која го одделува бугарската црква од семејството на Православните Цркви до степен тие да не нè сметаат за православни христијани. И како што сега некои ревносни фанатизирани луѓе, наречени зилоти, коишто не се достојни за тој збор,… зборуваат за Православната Црква на Украина како за безблагодатен раскол, за кловнови во туѓи свештенички алишта, на истиот тој начин се гледало у на Бугарската Егзархија некогаш. За тоа што денес има еден конфликт којшто во целост започна во рамките на поранешната Руска Православна Црква на територијата на Украина нас сите нè осудува еден цел Собор, нè осудува како еретици. Иако, како што кажа еден современ богослов – нема ерес етнофилетизам, затоа што таа победила, не е ограничена, таа владее во Православната Црква, за жал. И третиот период, кога е востановена канонската автокефалија на БПЦ во 1945 година, кога се исползува она спротивставување коешто го спомнав и Москва почнува да нè ползува како свој сателит.

БНТ: Но тоа е една епохална борба за независноста на БПЦ и за независноста на нашата Патријаршија, тоа е борба преку која не треба да поминуваме со толкава леснотија и не треба да ја споредуваме со моментот во којшто Украинската Црква се бори денес за својата независност…

А.НИКАНОР: Ќе Ви кажам нешто важно. Во минатото ние таа борба ја нарекуваме борба за црковна независност, но таа всушност била борба за национална независност и за национално самоопределување на Бугарите во рамките на Османската Империја која не признавала нации, но признавала само вероисповедание: Користеле рум милет, односно сите православни христијани, за Ерменците, армен милет, за Евреите, т.е. по религија. Одеднаш се појавува бугар милет којшто самите го создаваме и требало да биде различен од православните христијани, ова е нешто што сега го подзабораваме во училиштата. Така што таа борба не е чисто религиозна борба и повторно сакам да потенцирам, отворете ги учебниците, Цариградскиот патријарх не бил против идејата Бугарите да имаат самостојна црковна власт, едноставно националистите од двете страни, и бугарските и грчките, како екстремисти сакале – едните Бугарија да е сосема мала, другите да е огромна, секако зборувам за црковна Бугарија, и со интригите на странски дипломати се дошло да не се стигне до компромис и да се влезе во шизма. Борбата за независноист на Бугарската Црква којашто се води во последните десетелетија е токму поради тоа што таа беше заробена и потчинета од Руската Црква којашто се јавува како државен оддел на Руската Федерација којшто е одговорен за државната религија таму.

БНТ: – И сега ли е така?

А.НИКАНОР: Уште повеќе сега…

БНТ: – Колкав дел од БПЦ, од луѓето коишто управуваат со нашата Црква се зависни од Москва?

А.НИКАНОР: Помалку или повеќе сите коишто имаат власт се зависни, и бидејќи тоа е Москва, не треба да ја потценуваме зашто таа може да е лоша, но никако не е глупава. Нема да дозволи во црковната власт да навлезат луѓе коишто во еден момент ќе мислат независно и нема да го последуваат тоа што РПЦ го прави целосно како што ѝ го кажува руската држава, дури и многу повеќе отколку во времето на Советскиот Сојуз…

БНТ: – Кажувате многу тешки зборови за состојбата во Православната Црква. Колку дел од луѓето во Црквата, обичните свештеници, архимандритите како Вас, епископите се на исто мислење со Вас?

А.НИКАНОР: Тие коишто имаат претстава за нештата се согласуваат со моето мислење, тие коишто имаат претстава за нештата, но не се согласни со мене дека тоа е погрешно, повторно мислат исто, но велат дека така е многу убаво и дека така треба да биде. Еден дел не се разбираат од овие работи и велат дека ова се претерани оценки, но не можам да зборувам за проценти, можам да го споделам моето размислување…

Целото интервју погледнете го овде:

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...