Првпат во Дебар немаше кој да скока по крстот

Date:

Share post:

Големиот христијански празник Богојавление-Водици одблежан беше и во Дебар, но за првпат немаше кој да скока по светиот крст. Тоа е поради фактот што во градот има се помалку млади луѓе.

vodici debarИнаку, традиционално православните верници во Дебар беа во црквата „Света Петка“, каде беше одржана света литургија, со која чиноначалствуваше намесникот на Дебарската парохија, Миле Ангеловски.

Тој, потоа ја освети водата во базенот во дворот на црквата. Бидејќи немаше пријавени светиот крст не беше положен во осветените води, но верниците по традиција зедоа од осветената вода.

И намесникот и присутните верници си го честитаа празникот со желби и молби до Бога за здравје и бериќет.

По повод Водици заживеаа селата од поширокиот регион, каде дојдени се пораншни жители и нивните потомци. Посебно, по празнувањето се препознатливи повеќе села, пред се Битуше, Горенци, Гари и Долно Мелничани.

/МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Вартоломеј во Букурешт – пораката испратена кон Москва

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј пристигна во Букурешт за осветување на најголемиот православен храм во светот, Националната катедрала на Букурешт. Тој...

Вселенскиот патријарх Вартоломеј: „Автокефалноста не служи за поделба, туку за единство во Црквата“

Во својата беседа, Вселенскиот патријарх Вартоломеј изрази радост и благодарност за топлиот пречек и љубовта на патријархот Даниел,...

Кралот Чарлс испиша историја: Јавно се молеше со Папата Лав

По првпат по речиси 500 години, британскиот крал кој владее јавно се помоли со папата, симболично зачекорувајќи кон...

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски најави нови културни сцени во срцето на Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави големи инвестиции во културната инфраструктура на главниот град, со...