Припадноста кон црквата се декларира со Крштението, не со декларации

Date:

Share post:

При Крштението, нашиот завет со Бога и нашиот идентитет во Црквата ги објавуваме, ако сакате – потпишуваме, со Верују, значи со јавно исповедање во што веруваме и според тоа верување – како ќе живееме. Зборовите на Символот на верата не вклучуваат ништо што ги подразбира нашите социјални, национални, општествени и биолошки односи, од аспект на нашата припадност кон Црквата. Символот на верата е заклучен, оформен и завршен текст и, согласно соборската одлука, не може да се менува ни дополнува. Оттука, излишни, непотребни и нецрковни (еретички) се сите други и нови потпишувања и заветувања како некаква си потврда за припадност кон Црквата, зашто таквото инсистирање ќе значи дека отците, кои одлучуваа во согласност со Светиот Дух, понудиле непотполн „договор“ и непотполни „критериуми“, но се и спротивни на учењето дека Црквата е есхатолошко битие – Тело Христово коешто најпотполно се пројавува во Евхаристијата, за која предуслов е:

1) заедништвото – „каде што се двајца или тројца собрани во Мое име, таму сум и Јас среде нив“ (Мт 18, 20)

2) заедница на верните – „кои се крстивте во Христа, во Христа се облековте“ (сп. Галат 3, 27), што значи “сѐ и во сѐ е Христос“ и „нема повеќе ни Елини, ни Јудејци, ни обрезани, ни необрезани, ни варварин, ни скит, ни роб, ни слободен (Колос 3, 11)“,

а чија цел е „доаѓањето на Царството Божјо, кое за верните станува достапно во Трпезата Господова“.

“Не лажете се еден со друг, зашто ве­ќе го соблековте стариот човек заедно со неговите дела и се облековте во новиот, кој се об­новува во познанието, според образот на својот Создател” (Колос 3, 9-10)

Пишува: отец Бобан Митевски (фејсбук статус)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Вартоломеј доби највисоко државно одликување од Романија

Највисокото државно одликување на Романија —„Огрдениот ѓердан на Орденот на Ѕвездата на Романија“ — му беше доделено на...

Полската црква иницира сеправославен собор

Синодот на Православната црква на Полска побара свикување на сеправославен Собор за решавање на отворените прашања во православниот...

Папата Лав за најавената средба со Вартоломеј – Еден Господ, една вера, едно крштевање

Ватикан објави дека фразата што го опфаќа подлабокото значење на претстојното патување на папата Лав XIV во Мала...

Вартоломеј во Анкара

Всленексиот патријарх Вартоломеј на покана од претседателот Реџеп Таип Ердоган е во Анкара, за денот на Републиката. -Во придружба...