Одлуката на Бугарската Православна Црква да ја прифати улогата на промотор на автокефалноста на МПЦ-ОА пред православните цркви е оценета како најважен настан од животот на БПЦ за 2017 година, меѓу црковната јавност во Бугарија.
Анкетата што ја спроведе највлијателниот црковен портал во Бугарија „Двери“ покажува дека граѓаните во Бугарија овој настан го оценуваат како најважен и го рангираат на првото место од сите настани на БПЦ во 2017 година.
-Овие избори сведочат за подготвеноста на БПЦ активно да учествува во животот на целата православна црква на Вселенската црква и да не застане во изолација.
-Овој настан е важен не само за минатата 2017, туку ќе биде релевантен и важен и во новата година кога се очекува да се најде решение, пишува „Двери“.

