Православни монаси од Њујорк ја одржуваат манастирската економија со одгледување на кучиња

Date:

Share post:

Луси и Исо, неговите германски овчари, веднаш почнуваат возбудено да лаат, а со нив и десетнеделната Пирена, едно од најновите кученца. Тие се дел од програмата за одгледување и тренинг што православните монаси од Нов Скит ја водат речиси шест децении, начин да го издржуваат манастирот и, уште поважно, да ја продлабочуваат духовноста.

„Кучето нè поучува за Бога — простувањето, љубовта, врската со другиот. Тоа се Божји особини“, вели брат Лука, додека Луси шушка низ паднатите листови, а Исо будно го следи.

Од католици до православни — патот на Нов Скит

Заедницата денес брои десетина монаси и ист толкав број на возрасни германски овчари. Сè започнало со група фрањевци кои биле во потрага по подлабока духовност и едноставност, древен начин на живот. Водени од духот на Вториот Ватикански собор, тие сакале да живеат како првите египетски пустиножители — во молитва, работа и служба кон заедницата.

Пред повеќе од четири децении официјално се приклучиле на Православната Црква во Америка. Храмовите на братството — мала и поголем храм кои се посветени на Божјата Премудрост и Преображение Господово — денес се украсени со икони на источно и западнохристијански светители.

Во доцните 1970-ти, добиле куче за подарок, германскиот овчар Кир, кој им ги променил животите засекогаш. Кир станал дел од нивниот „емоционален живот“, раскажува отец Марк. Кир носел топлина во животот на групата монаси кои делеле ист дом, исто послушание и иста тишина.

Кога Кир умрел, решиле да земат нови кутриња — и да почнат да ги одгледуваат за манастирот сам да може да се издржува. А за да можат да живеат со повеќе кучиња, морале и да ги тренираат.

Како духовноста и тренингот станале едно

Луѓе кои ги посетувале биле импресионирани: овчарите кучиња биле неверојатно воспитани. Почнале да ги молат монасите да ги тренираат и нивните кучиња. Еден од првите клиенти бил и медиумски уредник, кој ги охрабрил да ја опишат својата филозофија.

Од тогаш произлегоа повеќе книги, ТВ серии, и курсеви во кои монасите тренираат околу 120 кучиња годишно. Брат Христофор, протодресер и директор на програмата, вели: „Тренингот беше начин да ја согледам Божјата тајна во созданието. Кучето е искрено — не лаже. Тоа ме огледува мене повеќе од јас самиот.“

Манастирот е единствената верска институција сертифицирана од Меѓународната асоцијација на професионални тренери. Сите се добредојдени — без разлика дали се верници или не — без разлика монасите ја внесуваат својата духовност во работата со животните.

Врска со создадениот свет

Отец Христофор вели дека кучето ги учи и монасите и посетителите на нешто многу подлабоко: „Односот со кучињата нè прави по чувствителни за поврзаноста со целото создание. Тоа е нешто што ни помага да се смируваме.“

Отец Лука, кој пред да влезе во манастир воопшто немал никакво искуство со чување на кучиња, денес сведочи како преку нив гледа „една животна реалност“: раѓање, инстинкти, грижа, природност.

„Тие се искрени, простуваат, точно како што Бог ги создал да бидат. Тие се лекции.“

Кучињата им возвраќаат на монасите со чиста, топла радост. Повеќето браќа ги држат своите кучиња во своите ќелии. Кога се враќаат по долги часови молитва, работа и служба — ги пречекуваат размафтани опашки и погледи полни љубов.

/apnews.com

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Православни чувари на светоста: Етиопски монаси ја чуваат шумата како духовно наследство

На полуостровот Зеге, на јужниот брег на езерото Тана во северна Етиопија, опстојува традиција стара повеќе од илјада...

Победата наша е верата наша: Свети Георгиј во животот на Црквата

Уште еднаш во текот на годината, нашата света Црква го празнува и почитува великомаченикот свети Георгиј. Освен во...

Единството не е административна состојба, туку евхаристиско заедништво вдахновено од Светиот Дух

Со благодарност кон дародавецот Бог, Кој ни ја подари можноста и денес да се собереме во Негово име,...

Демократски штит на ЕУ: Русија со години подготвувала дезинформативен напад во Молдавија

Европската унија ја претстави новата стратегија „Демократски штит“, замислена како одговор на забрзаните дезинформативни кампањи и хибридни закани,...