Од 16 јуни почнува летниот камп по веронаука во организација на Бигорскиот и Рајчинскиот манастир. Оваа година низ летниот камп ќе поминат повеќе од 200 дечиња повозрасни од 8 години.
Летниот камп ќе биде организиран во осум смени. За првите четири смени местата веќе се пополнети пред два месеци, поради големиот интерес, а останатите четири смени во траење од 4 до 5 дена ќе се одржат од 16 јуни, до 21 август. Сместувањето на заинтересираните деца кои ќе го посетуваат кампот по веронаука е во рамки на манастирските објекти. Во манастирот во Рајчица ќе бидат сместени девојчињата по 20 во смена, а во Бигорскиот манастир ќе бидат момчињата по 10 во смена.
Од Бигорскиот манастир велат дека нивниот престој, освен со часовите по Веронаука, Византиско пеење и Англиски јазик, ќе биде исполнет и со најразлични активности, работилници и учество во богослужбите коишто ќе ги продлабочуваат детските религиозни знаења и доживувања.
Децата се во постојана придружба на монашкото братство и сестринство, девојчињата во Рајчичкиот манастир, а момчињата во Бигорскиот и се сместени во склоп на манастирските објекти. Престојот е бесплатен.
За термините и контактот за пријавување проверете овде.

