Почна летниот камп по веронаука во Бигорски

Date:

Share post:

Почна летниот камп по веронаука организиран од Бигорската обител. Околу триесетина деца од разни места беа учесници на првиот летен камп во бигорскиот скит на Светите Браќа Кирил и Методиј.

Од Бигорски велат дека со благослов на владиката Партениј, ова лето, во ова прекрасно место кое е дарувано со многу природни убавини, започнале со организирање на летните школи за деца и млади.

-На овие летни кампови по веронаука, освен изучувањето на делото на Светите Браќа Кирил и Методиј, на кои им е посветено ова свето место, освен основите на православната вера, традициите и етичкото учење што од неа произлегуваат, се фокусираме и на развојот на сите добри потенцијали на децата, на нивниот креативен капацитет и на социјалната интеракција, коишто во денешно време особено недостасуваат меѓу нив. Радоста и џагорот кои се споделуваа беа причина за и жителите и дојденците во селото Битуше, заедно со своите деца и внуци да го посетуваат скитот и да остануваат таму преку целиот ден, учествувајќи заедно со децата кампери во различните видови на активности, велат од Бигорски.

-А најрадосна за нив беше средбата со епископот Антаниски г. Партениј, кој доаѓајќи во посета на дечињата, се запозна со сето она што тие го научиле и го стекнале како вредност во текот на оваа школа. Нему му иразија особено голема благодарност заради оваа негова иницијатива, замолувајќи го во иднина повторно да им благослови да бидат дел од оваа програма. Воедно, тие верно му ветија дека сѐ што тука научиле ќе пренесат и на своите другарчиња. Изразуваме огромна благодарност до нашите штедри донатори: „Лакталис“, „Житолукс“, „Житополог“, „Кристал“, „Куќа на Мијаците“, „Драни Премиум“ и други добронамерни компании и граѓани, кои овозможија голем дел од своите производи за оваа летна школа за деца, потенцираат од Бигорски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

Балканот повторно се наоѓа на крстосница меѓу вистината и манипулацијата, демократијата и авторитаризмот. Како што се приближуват изборите...

Најдолгото гласачко ливче половина метар

Најдолгото гласачко ливче на овие избори е половина метар, откри директорот на печатницата „Киро Дандаро“, каде се печатеше...

ДИК: Одобрени уште осум барања за акредитации за набљудување на изборите, прифатени три приговори од гласачи

Државната изборна комисија денеска прифати уште три од вкупно четири пристигнати приговори од гласачи. Прифатени се два приговори...

Народниот правобранител отвора бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниoт правобранител во недела (19 октомври) на денот на одржувањето на првиот круг од Локалните...